КОЈ ЌЕ УБИЕ ЖЕНА, ЦЕЛ ЖИВОТ ЌЕ ПОМИНЕ ЗАД РЕШЕТКИ Италија го прогласи фемицидот за кривично дело казниво со доживотен затвор
Според италијанската агенција за статистика „Истат“ лани во Италија се регистрирани 106 фемициди, од кои 62 се извршени од партнери или поранешни партнери.
Италијанскиот парламент одобри нов закон со кој и формално се воведува фемицидот во кривичниот законик на земјата, со пропишана казна доживотен затвор.
Гласањето се совпадна со Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, ден одреден од Генералното собрание на ОН.
Поддржан од конзервативната влада на премиерката Џорџија Мелони, законот реагира на низа убиства и друго насилство насочено кон жените во Италија.
Исто така, законските измени вклучуваат построги мерки против родово базирани злосторства, како што се следењето и одмазничката порнографија.
Случаите со висок профил, како што беше бруталното убиство на студентката Џулија Чечетин во 2023 година, која ја избоде нејзиното момче, предизвикаа широко јавно негодување, протести и дебата за причините за насилство врз жените во патријархалната Италија.
– Го удвоивме финансирањето за центрите против насилство и засолништата, промовиравме телефонска линија за итни случаи и имплементиравме иновативни активности за образование и подигање на свеста. Ова се конкретни чекори напред, но нема да застанеме тука. Мора да продолжиме да правиме многу повеќе, секој ден – рече премиерката Мелони
Според италијанската агенција за статистика „Истат“ лани во Италија се случени 106 фемициди, од кои 62
се извршени од партнери или поранешни партнери.