ЖЕСТОКА ТЕПАЧКА НА СКАЛИТЕ НА СРПСКОТО СОБРАНИЕ Опозициските пратеници истепани при обид да поминат низ „Ќациленд“

Откако опозициските пратеници се обидоа да го отстранат шаторот од скалите на Собранието на Србија, врз нив насрнаа десетици „ќаци“, наводно во присуство на полицијата.

0

За време на денешната седница на српското Собрание дојде до жесток инцидент меѓу дел од опозициските пратеници, поддржувачите на власта и полицијата.

Опозицијата се обиде да влезе во зградата преку Пионирскиот парк, односно преку шаторската населба подигната од поддржувачите на СНС, кои во жаргон се нарекуваат „ќаци“.






Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ во вторникот им вети на опозициските претставници дека ќе можат да влезат преку т.н. „Ќациленд“, но полицијата и групите што го чуваат шаторското население ги спречија. Вчера полицијата имаше и директен судир со пратеници од партијата Србија Центар, кои исто така се обидоа да влезат преку тој дел.

Додека Брнабиќ најави дека во наредните два дена опозицијата ќе има слободен пристап преку Пионирскиот парк, претседателот Александар Вучиќ порача дека ќе ја претстави својата иницијатива во врска со „Ќациленд“.

– Набргу ќе излезам со иницијатива во врска со шаторите и сè останато, бидејќи сега е јасно дека сите ваши обиди – не мислам лично на вас, туку на институцијата во која работите, како и многумина други – за каква било револуција, пропаднаа. Верувам дека наскоро барем ќе ја нормализираме ситуацијата на улиците, во споредба со тоа како изгледаше досега – изјави Вучиќ пред новинарите.

Поврзани содржини