ФИЛИПЧЕ ГО ТУРКА СДСМ ВО ЛИДЕРСКА КРИЗА, ФОКУС МУ Е ЗАШТИТА НА ЗАЕВ Без негово одобрение не може ниту состанок да одржи
Актуелни и поранешни функционери се дистанцираат од него и не сакаат да бидат дел од раководството на СДСМ токму поради недовербата во неговото лидерство, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ на чело со Венко Филипче не само што не може да се спротивстави и да биде конструктивна опозиција во Македонија, туку падна на ниво да биде трета опозициска партија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога Венко Филипче зборува за страв, веројатно мисли на себе и стравот од спротивставување на влијанијата што ги има Зоран Заев во неговата партија. Филипче делува како продолжена рака на Заев и без одобрение на Заев не смее да одржи ниту состанок во СДСМ, а не пак реформи и демократизација на партијата. Приоритет на Филипче е исполнување и реализација на барањата и планот на Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Реформите и напредокот на СДСМ се во втор план на Филипче, а фокус му се желбите и заштитата на Заев, се додава во соопштението.
„Дека Филипче делува по насока на Заев, потврда е изборот на лојални кадри блиски до Заев и неодамнешното поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на партијата. Филипче ја турка СДСМ во лидерска криз. Актуелни и поранешни функционери се дистанцираат од него и не сакаат да бидат дел од раководството на СДСМ токму поради недовербата во неговото лидерство. Филипче со своето делување ги блокира реформите во партијата. На Македонија ѝ е неопходна силна и конструктивна опозиција“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.