📷 СЕ ЧИСТИ КРАЈБРЕЖЈЕТО НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ Општина Велес и Владата работат на долгорочен план за спас
Денеска е распишан и јавен повик за хидрогеолошки истражувања за изведба на бушотините, а во фаза на изработка е и проект за санација на темелниот испуст. Како долгорочно и трајно решение, Општина Велес во сопработка со Владата ќе работи на довршување на цевководот за поврзување на акумулациите Лисиче со Младост, велат од Општина Велес.
Продолжуваат активностите за спас на езерото Младост, информира Општина Велес. Јавното претпријатие Лисиче започна со расчистување на крајбрежјето на езерото и за таа цел во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше отстапена соодветна машина, се вели во соопштението.
„Денеска е распишан и јавен повик за хидрогеолошки истражувања за изведба на бушотините, а во фаза на изработка е и проект за санација на темелниот испуст. Како долгорочно и трајно решение, Општина Велес во сопработка со Владата ќе работи на довршување на цевководот за поврзување на акумулациите Лисиче со Младост.
Општина Велес посветено и континуирано ќе ги спроведува активностите за еколошка обнова на езерото Младост“.