СО ЛАЖНИ ИЗВЕШТАИ ЈА ОШТЕТИЈА ДРЖАВАТА ЗА 780.000 ЕВРА Обвинителството гони петмина службеници за кусокот во стоковите резерви

Осомничени пет лица за злоупотреба на службена положба, со лажни извештаи прикриле кусок од 2.000 тони државно жито.

1,351

Пет лица се осомничени дека со злоупотреба на службена положба ја оштетиле државата за речиси пол милион евра, откако неправилно пријавиле огромен кусок од стоковните резерви на пченица и јачмен. Според Основното јавно обвинителство Скопје, осомничените постапувале спротивно на законот и доставувале неточни информации до Владата, што резултирало со отпис на стока вредна до 780.000 евра.

Обвинителството посочува дека петтемина дејствувале како соизвршители во периодот меѓу 2019 и 2021 година, прикривајќи дека во ЈП „Агро Берза“ Скопје постои неоснован кусок на 1.500 тони меркантилна пченица и 500 тони јачмен за сточна храна. Наместо да ја информираат Владата за реалната состојба, тие поднеле лажни податоци, спротивно на Законот за стоковните резерви.






Во соопштението се наведува дека еден од осомничените, вешто лице ангажирано преку Бирото за процена, изготвил лажен вешт наод во кој внел невистинити информации, игнорирајќи дел од документацијата од Агенцијата за стоковни резерви и од ЈП „Агро Берза“. Токму тој вешт наод бил доставен до Владата и прифатен како валиден документ.

„Поради приложениот невистинит вешт наод, Владата донесе одлука Агенцијата за стоковни резерви да изврши отпис на 2.000 тони стока со вкупна вредност од 29.112.000 денари“, соопштува Обвинителството, нагласувајќи дека реалната вредност на стоката според цените во 2022 година достигнувала 48 милиони денари, што претставува директна штета за Буџетот на државата.

Обвинителството соопшти дека, со оглед на тоа што делото се гони во скратена постапка, до судија на претходна постапка е поднесен предлог за определување мерки на претпазливост, одземање патни исправи и задолжително јавување во суд за сите петмина осомничени.

ОД ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ „СТОПИЛЕ“ 2.000 ТОНИ ЖИТО ВРЕДНО 780.000 ЕВРА Претреси и кривични пријави за високи функционери и поранешен заменик-министер

Поврзани содржини