СРБИЈА ЧУВА ПОВЕЌЕ ЗЛАТО ОД СИТЕ ЗЕМЈИ ОД ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА ЗАДНО Нејзините резерви изнесуваат 52,3 тони

Гувернерката на Народната банка на Србија Јоргованка Табаковиќ вели дека пред да дојде на функцијата во август 2012 година земјата имала златни резерви од 14,8 тони, во вредност од околу 600 милиони евра.

126

Србија има 52,3 тони злато во вредност од речиси 6 милијарди евра, што претставува повеќе од една петтина од вкупните девизни резерви, потврди денеска гувернерката на Народната банка на Србија Јоргованка Табаковиќ.

Како што рече таа, Србија денес има повеќе злато од сите земји од поранешна Југославија заедно.






-Тоа е повеќе од повеќето земји од Централна Европа. Тоа е повеќе по глава на жител од која било земја на Западен Балкан. Не беше трка во количини. Тоа беше трка во одговорност. Нашиот пат до 50 тони не беше ниту ненадеен, ниту случаен, ниту импулсивен. Тоа е резултат на конзистентна стратегија која се темелеше на три столба: на долгорочна визија, на паметна комбинација од домашни и меѓународни купувања и на прецизно време на влегување во глобални текови – рече Табаковиќ на Извршниот форум за управување со златни резерви во Базел.

Таа изјави дека кога станала на чело на Народната банка на Србија во август 2012 година, количината на златни резерви изнесувала 14,8 тони, во вредност од околу 600 милиони евра.

Од другите земји од поранешната федерација Македонија чува околу  со 7 тони, Словенија 3 тони, Хрватска со 1,75 тони и Босна и Херцеговина со 1,5 тони, додека Црна Гора чува 1,2 тон злато.

Поврзани содржини