ПРОТЕЧЕ ВИДЕО СО ДИДИ ВО ЗАТВОР Раперот треба да одлежи 4 години

Диди беше прогласен за виновен за транспорт на лица со цел проституција, а беше ослободен од потешките обвиненија.

451

Видео со американскиот рапер Шон Диди Комбс, кој издржува четиригодишна казна во затворот Форт Дикс во Њу Џерси, е објавено на социјалната мрежа Х на профилот на магазинот ТМЗ.

На видеоснимката се гледа како Диди, облечен во затворска униформа, лежерно разговара со другите затвореници во затворската библиотека.






Раперот беше уапсен во септември 2024 година по низа сериозни обвиненија, вклучувајќи рекетирање, трговија со луѓе и сексуална експлоатација и прекршоци поврзани со проституција. Судењето почна во мај оваа година, а во јули Диди беше прогласен за виновен за транспорт на лица со цел проституција, додека беше ослободен од најтешките обвиненија. Во октомври, тој беше осуден на четири години и два месеци затвор и парична казна од 500.000 долари.

Поврзани содржини