📽️ НОВ ПРАВОСУДЕН УДАР ЗА ТРАМП Отфрлено е обвинението за поранешниот шеф на ФБИ
Судот пресуди дека обвинителката Линдзи Халиган, која го водеше случајот, не требало да биде назначена од Министерството за правда на САД, па затоа обвинението беше отфрлено, но Министерството може повторно да го отвори случајот.
Американскиот федерален суд вчера го отфрли обвинението против поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми, жесток критичар на американскиот претседател. Коми изјави дека оваа одлука покажува дека Доналд Трамп не може да ги користи државните органи за гонење на политичките непријатели.
Судот пресуди дека обвинителката Линдзи Халиган, која го водеше случајот, не требало да биде назначена од Министерството за правда на САД, па затоа обвинението беше отфрлено, но Министерството може повторно да го отвори случајот.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Министерството за правда ќе поднесе жалба.
Обвинителката Линдзи Халиган која претходно беше лична адвокатка на Трамп, беше именувана за вршител на должноста адвокат откако нејзиниот претходник заклучи дека доказите презентирани во случајот Коми се недоволни за да се оправда обвинението. После тоа, администрацијата на Трамп го отстрани од функцијата.
Коми ја поздрави пресудата во видео изјава објавена на Инстаграм. Тој рече дека одлуката покажува дека американскиот претседател не може да го користи Министерството за правда за да ги гони своите политички непријатели.
– Знам дека Доналд Трамп веројатно повторно ќе ме нападне. Не се плашам и верувам во независно судство – рече Коми.
View this post on Instagram
Обвиненијата против Коми, вклучително и лажно сведочење, беа покренати кон крајот на септември откако американскиот претседател Доналд Трамп изврши огромен притисок врз судството.
Во тоа време, Министерството за правда објави дека поранешниот шеф на ФБИ е обвинет и за попречување на истрагата на американскиот Конгрес.
Обвинувањата доаѓаат само неколку дена откако Трамп ги искористи социјалните медиуми за да ја повика државната обвинителка Пам Бонди да преземе мерки против луѓето што ги смета за непријатели.
Претседателот се пожали дека имало многу разговори, но немало акција, и конкретно го именуваше Коми.
Во 2013 година, тогашниот американски претседател Барак Обама го назначи Коми за директор на Федералното истражно биро.
За време на првиот мандат на Трамп, тој ја водеше истрагата за руското мешање во изборите во САД во 2016 година, на кои победи Трамп, и за можните врски меѓу Москва и членовите на изборниот тим на Трамп.
Во 2017 година, Трамп го отпушти Коми во врска со истрагата, која беше во тек во тоа време.
Според извештаите на американските медиуми, поранешниот шеф на ФБИ се изјасни за невин на првото сослушување.