ЗЕЛЕНСКИ ПОБРЗА ДА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ ОТКАКО ТРАМП ГО ИСКАРА „Украина е благодарна на САД, на секое американско срце“

0

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја им се заблагодарува на Соединетите Американски Држави и на нивниот претседател Доналд Трамп за нивните напори да го поддржат Киев.

„Украина е благодарна на Соединетите Американски Држави, на секое американско срце, а особено на претседателот Трамп за помошта што, почнувајќи со ракетите „Џавелин“, спасува украински животи“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм откако Трамп рече дека украинското раководство изразило „нулта благодарност“ за американската помош.






Зеленски, исто така, изрази благодарност до Европа, Г-7 и Г-20 за нивната помош, велејќи дека нивните напори за поддршка на оваа помош се важни.

„Затоа работиме толку внимателно на секоја точка, на секој чекор кон мирот. Сè мора да биде правилно осмислено за да можеме навистина да ја завршиме оваа војна и да спречиме таа да се случи повторно“, напиша тој.

Поврзани содржини