ПРОДАДЕН НАЈСКАПИОТ СТАН ВО СРБИЈА Од цената на квадратот ќе ви се заврти во глава

Пазарот со недвижности во Србија повторно ги поместува границите, а најновите податоци покажуваат нови срушени рекорди.

0

Републичкиот геодетски завод на Србија објави нов извештај од пазарот со недвижности, а податоците покажуваат дека најскапиот квадрат во Србија е продаден во Белград и тоа по цена од дури 9.805 евра.

Пазарот со недвижности во Србија повторно ги поместува границите, а најновите податоци покажуваат нови срушени рекорди.






Стан во Белград на вода е продаден за дури 9.805 евра по квадрат, што го прави најскап квадрат во земјата, а тоа е само дел од неверојатната  статистика.

Како што е наведено, највисока сума издвоена за стан е на истата локација и изнесувала 1,8 милиони евра.

Што се однесува на куќи, најскапа куќа е продадена на Савски венец во Белград за 3,8 милиони евра.

Најскапо гаражно место продадено е за 66.000 евра.

Највисока постигната цена за деловен простор е 2,4 милиони евра во Крагуевац.

Поврзани содржини