ПОЛИЦИЈА ГО ПРЕКИНА НАСТАПОТ НА АЦА ЛУКАС Српскиот пејач од локалот пренесен во полициската станица во Кавадарци

Видео снимки го покажуваат моментот кога пејачот го напушта локалот во придружба на полицијата; официјални информации се очекуваат во текот на денот.

1,510

Популарниот српски турбо-фолк пејач Аца Лукас синоќа го прекина настапот во познат кавадаречки локал, откако околу полноќ во објектот влегле полициски службеници и ја запреле забавата, потврдуваат видеа кои кружат на социјалните мрежи.

На снимките се гледа како Лукас го напушта локалот во придружба на полицијата, додека во движење наводно се обидува да им објасни нешто на службениците. Според присутни гости, атмосферата била одлична сè до моментот на доаѓањето на полициските екипи, по што настапот бил прекинат.






Од Министерството за внатрешни работи се очекуваат официјални детали во текот на денот, со оглед дека причината за интервенцијата сè уште не е официјално соопштена.

Поврзани содржини