КИНА РЕАГИРА ШТО МИЛОШОСКИ ПРИМИЛ ДВАЈЦА ПРЕТСТАВНИЦИ НА ТАЈВАН Несфатливо кршење на преземените обврски кон политиката „Една Кина“

Имаме доволно причини да се запрашаме во кој правец потпретседателот на Собранието има намера да ги насочи нашите билатерални односи - се вели во реакцијата на Амбасадата на НР Кина во Македонија.

157

Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје упати отворено писмо до потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски во кое изразува протест поради неговата средба со претставници на Тајпеј во Италија.

„Забележавме дека потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија Антонијо Милошоски, заедно со двајца пратеници, вчера се состана со делегација на таканареченото „Претставништво на Тајпеј во Италија“ во зградата на Собранието. Овој тежок погрешен чин го крши принципот „Една Кина“, политичка обврска што Северна Македонија ја презеде при воспоставувањето дипломатски односи со Кина и став што го потврдија претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот на Владата на Северна Македонија Мицкоски, со што ја поткопува политичката основа на нашите билатерални односи. Исто така, испраќа погрешен сигнал до сепаратистичките сили кои се залагаат за „независност на Тајван“. Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија го изразува своето силно незадоволство и категорично противење“ – се вели во реакцијата на кинеската амбасада.






Во коминикето се прави осврт на историјатот на кинескиот суверенитет врз Тајван, како и преземените обврски од Република Македонија при воспоставувањето дипломатски односи со Народна Република Кина во 1993 година, кои се потврдени и со Заедничкото коминике меѓу двете земји за нормализација на односите од 2001 година. Амбасадата потсетува дека во договорот експлицитно е наведено дека „Владата на Република Македонија ја признава Владата на Народна Република Кина како единствена легитимна влада на Кина, а Тајван како неотуѓив дел од кинеската територија. Владата на Република Македонија потврдува дека нема да воспостави никаква форма на официјални односи со Тајван“.

„Сепак, она што неодамна го видовме е несфатливо – инсистираната посета на Тајван во официјален капацитет, игнорирајќи ги постојаните силни приговори на Кина минатата година, и овој пат средбата со таканаречените претставници на тајванските власти во зградата на Собранието, национално законодавно тело – обезбедува платформа за политичка театралност на сепаратистичките сили кои се залагаат за „независност на Тајван“. Имаме доволно причини да се запрашаме во кој правец потпретседателот на Собранието има намера да ги насочи нашите билатерални односи?“ – се вели во реакцијата на Амбасадата на НР Кина во Македонија.

Поврзани содржини