АВТОМОБИЛ УДРИ ВО БИЛБОРД НА ТРЕТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА Тешко повредена млада патничка од Турција

Возач на „КИА“ изгубил контрола и излетал од коловозот завчера по полноќ.

552

По полноќ меѓу вторникот и средата, на крстосницата меѓу булевар „Трета македонска бригада“ и улица „Пролет“, автомобил „КИА“ управуван од 23-годишен турски државјанин излетал и удрил директно во билборд.
Тешко повредена е неговата 18-годишна сопатничка, исто така од Турција, која била пренесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Полицијата направила увид и работи на утврдување на причините за несреќата.

Поврзани содржини