ЦИЦИПАС ФАТЕН СО 210 НА ЧАС! „Паметните“ камери го уловија тенисерот, ќе плати 2.000 евра и 1 година ќе биде без дозвола

„Паметните“ камери во Атина го регистрираа Циципас како вози 210 км/ч, по што му беше изречена глоба од 2.000 евра и едногодишна забрана за возење.

119

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е фатен како вози со неверојатни 210 километри на час на автопатот „Атики одос“ кај Атина, каде новите „паметни“ камери го регистрирале прекршокот и веднаш му донеле дигитална казна.

Циципас, кој управувал луксузен автомобил „лотус“, ќе мора да плати 2.000 евра, а грчките власти му ја одземаат возачката дозвола на цела година поради опасното возење на една од најфреквентните сообраќајници во Грција.






Грчките медиуми пренесуваат дека 27-годишниот тенисер е меѓу првите јавни личности што добиле дигитална казна преку платформата „gov.gr“, откако на повеќе централни булевари во Атина и на „Атики одос“ беа поставени нови, напредни камери за автоматско регистрирање на сообраќајни прекршоци.

Поврзани содржини