РАСТЕ ВОДОСТОЈОТ НА РЕКИТЕ И РИЗИКОТ ОД ПОПЛАВИ! Движете се внимателно покрај реки и езера

Особен ризик постои покрај горниот тек на Вардар и неговите притоки, покрај Лепенец, како и покрај Радика со нејзините притоки, предупредува УХМР.

269

Поради обилните врнежи значително покачување на водостоите е забележано на неколку речни сливови низ земјава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Најизразено зголемување е измерено на реката Вардар во горниот тек, како и на реките Пена, Лепенец и во сливот на Пчиња. Водостојот на Вардар во Скопје исто така е во пораст.

Од Управата укажуваат дека постои можност трендот на раст да продолжи и затоа се бара внимателно следење на состојбите покрај овие водотеци во текот на денот.






Покрај Вардар и Пчиња, високи нивоа се регистрирани и на реката Радика, а раст е забележан и на Треска, Црна и Сатеска. Зголемување има речиси на сите водотеци, со најзагрижувачки вредности во западниот дел на земјата, каде што е можно понатамошно интензивирање.

Стручните служби апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движење покрај реките и површинските води. Особен ризик постои покрај горниот тек на Вардар и неговите притоки, покрај Лепенец, како и покрај Радика со нејзините притоки. Во сливот на Пчиња се очекува исклучително висок водостој.

Поврзани содржини