ТРАМП ИМА МИРОВЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА ВО 28 ТОЧКИ? Наводно, планот е усогласен со Русија

Според порталот Аксиос, кој се повикува на извори блиски до Белата куќа, дипломатијата на САД почнала да ги информира европските претставници за предлогот.

1,387

Белата куќа има мировен план за Украина и тоа во соработка со Русија, објави американскиот портал Аксиос (Axios). Планот содржи 28 точки по примерот на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Појасот Газа.

– Слично на планот за Газа, предлогот се состои од „мир во Украина, безбедносни гаранции, безбедност во Европа и идните односи на САД со Русија и со Украина, наведе Аксиос повикувајќи се на неименувани извори.






Американскиот специјален претставник Стив Виткоф го води формирањето на планот и детално го дискутира со рускиот претставник Кирил Дмитриев и со советникот за безбедност на украинскиот претседател Рустем Умеров.

Според Аксиос, Белата куќа почнала да ги информира европските претставници за предлогот.

Белата куќа сè уште не ги коментираше наводите на американскиот портал.

Поврзани содржини