📽️ ПРЕД ДА СЕ ПРЕМИСЛИ ЗА ЕПСТАЈН, ТРАМП НАРЕКОЛ НОВИНАРКА СВИЊА Заќути, заќути, вели шефот на САД

„Заќути, заќути свињо“, вели Трамп снимен во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“.

407

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвикал лавина реакции откако во жив пренос ја нарекол новинарката „свиња“ откако таа го прашала за неговата поврзаност со е-поштите на покојниот финансиски измамник и осуден сексуален престапник Џефри Епстајн.

Настанот се случил неколку дена пред Трамп да ја промени својата позиција за објавата на т.н. Епстајнови досиеја, јави Би-Би-Си.






„Заќути, заќути свињо“, вели Трамп снимен во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“.

Трамп подоцна, на 1 6 ноември, ги повика конгресмените да гласаат за јавно објавување на документите. Според извештајот, се очекува Претставничкиот дом да ја изгласа мерката уште денес.

Некои аналитичари коментираа дека Трамп попуштил под силен притисок од јавноста и од редови на сопствената Републиканска партија, која барала целосна транспарентност за случајот со Епстајн.

Контроверзните документи за Епстајн, кои содржат преписки и листи на влијателни лица, веќе со месеци го оптоваруваат имиџот на Белата куќа. Иако нема официјални потврди дека Трамп е директно вмешан, фактот што неговото име се споменува во електронска преписка предизвика нов бран шпекулации.

 

Поврзани содржини