НАСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД СЕ УРНАЛА ПОРАДИ КОРУПЦИЈА Вишиот суд во Белгра го потврди обвинението против 3 лица

Обвинението се однесува на Слободанка К., менаџер за развој на инвестиции во АД „Инфраструктура железница на Србија“ со седиште во Белград, претседателот на Комисијата за технички преглед Милутин С. и членката на таа Комисија, Билјана К., а во врска со извршувањето на неколку кривични дела со коруптивен елемент, што резултирало со пад на бетонската настрешница на железничката станица на 1 ноември 2024 година, како резултат на што загинаа 16 лица, а едно лице е тешко повредено.

294

Виши суд во Белград денеска објави дека повторно е потврдено обвинението на Специјалното одделение за сузбивање корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград против раководителот на Српската железничка инфраструктура и двајца членови на Комисијата за технички преглед на железничката станица во Нови Сад.

Во соопштението за медиумите, судот потсетува дека обвинението првично е потврдено на 17 април, но дека Апелациониот суд ја поништил таа одлука и ја вратил на ново одлучување.






Обвинението се однесува на Слободанка К., менаџер за развој на инвестиции во АД „Инфраструктура железница на Србија“ со седиште во Белград, претседателот на Комисијата за технички преглед Милутин С. и членката на таа Комисија, Билјана К., а во врска со извршувањето на неколку кривични дела со коруптивен елемент, што резултирало со пад на бетонската настрешница на железничката станица на 1 ноември 2024 година, како резултат на што загинаа 16 лица, а едно лице е тешко повредено.

Како што е наведено во обвинителниот акт, постои основано сомнение дека пропустите на осомничените придонеле и се во причинско-последична врска со споменатата трагедија, бидејќи доколку тие постапувале совесно и ја извршувале должноста за вонреден инспекциски надзор, како и контрола на исполнувањето на условите, тогаш ќе можеле визуелно да забележат знаци на кршење и зголемено отклонување на настрешницата во деновите што претходеле на нејзиното уривање.

Обвинението ја товари Слободанка К. за кривично дело Злоупотреба на службена положба и кривично дело Тешко дело против општата безбедност.

Милутин С. и Билјана К. се товарат за кривично дело Несовесно работење во службата и кривично дело Тешко дело против општата безбедност.

Поврзани содржини