ПОЛИЦАЈЦИ ВО ГЕРМАНИЈА ЗАСТРЕЛАА 12-ГОДИШНО ГЛУВО ДЕВОЈЧЕ СО СРПСКО ДРЖАВЈАНСТВО Ги нападнала со два ножа, тие пукале

Полицијата во Бохум имала информации дека исчезнатото дете е во тој стан и бидејќи му била потребна терапија, полицајците веднаш отишле на адресата. Кога мајката ја отворила вратата и полицијата влегла, девојчето зграбило два ножа и тргнало кон полицајците.

2,336

Германската полиција во Бохум застрела 12-годишно девојче, кое има српско државјанство во Бохум!

Девојчето наводно претходно ги нападнала полицајците со два ножа, а по пукањето е пренесена во болница каде што е на интензивна нега. Полицијата во Есен, под раководство на јавното обвинителство во Бохум, ја презеде истрагата.






„Околу 00:30 часот, припадници на полициската управа во Бохум интервенирале во станбена зграда бидејќи се верувало дека исчезнатото девојче е таму. Дванаесетгодишното девојче, кое има германско и српско државјанство, избегало од групен дом и има потреба од лекови што го спасуваат животот, кои можеби не ги земала долго време. Последен пат нејзините старатели ја виделе претходниот ден. Тие пријавиле дека е исчезната“, соопшти германската полиција.

На мајката претходно ѝ било лишено старателството и правото да го одредува живеалиштето на болното и глуво дете.

Полицијата била испратена во станот на мајката, која, исто така, е глува.

„Бидејќи вратата од станот на почетокот не била отворена, но одвнатре се слушале звуци, службите за итни случаи повикале бравар. Пред да пристигнат браварите, мајката им ја отворила вратата на полицајците околу 1:30 часот по полноќ. Додека ја истражувале ситуацијата и го пребарувале станот, полицајците наишле на девојче кое им се приближило со два ножа во рацете. Според првичните наоди, за да спречат потенцијален напад со нож, полицајците истовремено употребиле далечински електрошокер и огнено оружје“, соопшти полицијата.

Полициските службеници му пружиле прва помош на детето додека не пристигнала брзата помош.

Според германската РТЛ, девојчето живеело во згрижувачко семејство, но исчезнала за време на викендот. Нејзината мајка на медиумот, со пишување, му изјавила дека девојчето избегало, а пред тоа имало проблеми во училиштето. Најверојатно од страв, но и од грижа за мајка си, таа се појавила во нејзиниот стан.

– Таа рече: „Не можам повеќе да издржам“, изјавила мајката.

Што точно се случило во станот сè уште е нејасно. Истрагата е во тек. Според досегашните информации, полицијата во Бохум имала информации дека исчезнатото дете е во тој стан. Бидејќи на девојчето му била потребна терапија, полицајците веднаш отишле на адресата, изјави портпаролот на полицијата. Кога мајката ја отворила вратата и полицијата влегла во станот, малото девојче зграбило два ножа и тргнало кон нив. За да ја спречат, тие истовремено употребиле електрошок и огнено оружје. Се сè случило пред очите на мајката, која сè уште е во шок по настанот.

Таа не знае зошто ќерка ѝ ги зела ножевите, верува дека само сакала да ѝ помогне. Три пати, според неа, 12-годишната викнала по неа, пред да бидат испукани истрелите. Веднаш по пукањето, полицајците ја извеле мајката од станот, а девојчето е пренесено во блиската болница, каде што е на интензивна нега.

Поврзани содржини