НЕКОЈ ВОЗЕШЕ, НЕКОЈ ШЕТАШЕ, А НЕКОЈ ДОБИ БРК Донирани 200 ваучери од дм за бесплатни прегледи на мажи

Под аниматорска палка на водителот Игор Ангелов и со богата музичка програма, посетителите имаа можност да посетат и повеќе интерактивни штандови.

68

Градскиот парк во Скопје во неделата (16.11.2025) пулсираше со машки дух, позитивна енергија и спортска мотивација. Повеќе од 400 велосипедисти – рекреативци, професионалци, татковци, синови и пријатели се приклучија кон четвртото издание на велосипедскиот настан „Пуштам брк, бркам здравје“ организиран од dm drogerie markt. Настанот полека прераснува во убава традиција, чија цел е да ја поттикне машката популација кон поголема грижа за себе и за машкото здравје преку правење  самопрегледи и редовни лекарски прегледи.

Велосипедистите возеа две рути: кратката од 4 км, идеална за семејствата и рекреативците, и долгата од 63 км, предизвик за професионалните велосипедисти и оние со натпреварувачки дух. Здружението на друмски и планински велосипедизам Macedonian Bike Riders се погрижија рутата да помине во најдобар ред. Оние кои немаа можност да го донесат својот велосипед, ја искажаа поддршката за машко здравје преку учество во натпреварот за возење статични велосипеди.






Под аниматорска палка на водителот Игор Ангелов и со богата музичка програма, посетителите имаа можност да посетат и повеќе интерактивни штандови.

Берберот Сашo Ажиевски бесплатно потстрижуваше и формираше Movember бркови на Philips штандот.

Нутриционстката Симона Коруновска подготвуваше вкусни dmBio закуски за дегустација.

На протеинското катче посетителите можеа да ги дегустираат вкусните протеински штанглици и шејкови од PROTEINI.SI и POLLEO Sport.

На штандот на Good Nature децата и возрасните се загреваа со топли напитоци во разни вкусови.

Аниматорите од Мали креативци беа тука за да ги насмеат најмалите посетители на интерактивното детско катче.

Пред Школка се одржа и интересна дискусија за машкото здравје и предизвиците на современиот маж, на која инфлуенсерите Александар Динев, Бомбакис и Никола Поповиќ – Ниџо ги споделија своите искрени приказни. Настанот уште еднаш ја потврди важноста на заедничкото делување во поддршка на машкото здравје, поттикнувајќи ги мажите да бидат проактивни, отворени и да преземат чекори кон подобро и поздраво секојдневие.

dm drogerie markt во соработка со Д.мед Медикал донираше 200 ваучери за бесплатни медицински прегледи како поддршка кон грижата за машкото здравје.

Покрај бесплатните медицински консултации со општ доктор од Систина – Стефан Николов, уролозите од здружението Мовембер и доктори од болницата Д.мед Медикал (нефролог, кардиолог, уролог и општ лекар), посетителите имаа можност да добијат ваучери за два типа на пакети со бесплатни медицински прегледи во болницата. Со еден ваучер можеа да изберат меѓу ехо на уринарен тракт со простата и PSA маркер кој се препорачува за лица над 40 години или ехо на тестиси со beta-HCG и AFP кој се препорачува за лицата над 25 год. PSA тестот има големо значење во дијагностицирање и навремено лекување на карциномот на простата. Превентивните здравствени контроли не само што можат да спасат животи, туку и го подобруваат квалитетот на здравјето во вашето секојдневие.

Кампањата Movember на dm го истакнува духот на одговорност и самосвест за машкото здравје и ја истакнува важноста на раното откривање на заболувања, како што се рак на простата и на тестисите и други уролошки проблеми, кои се сѐ почести кај мажите, а често остануваат незабележани додека не достигнат напредна фаза. Заедно со докторите од Д.мед Медикал и учесниците на традиционалниот велосипедскиот настан „Пуштам брк, бркам здравје!“, компанијата dm drogerie markt испраќа јасна порака: превенцијата не чека – закажете преглед, зборувајте отворено и грижата за своето машко здравје претворете ја во навика!

Поврзани содржини