ГО СЛЕДЕЛЕ, ГО УДРИЛЕ СО БОКС ВО ГЛАВА И ГО ОГРАБИЛЕ Го удирале со клоци, сакале да му го скршат мобилниот

Претурајќи по јакната на нападнатиот пронашле и одзеле 8.800 денари.

208

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик.

Тој го извршил делото заедно со уште едно лице по кое се трага. На 15 ноември, спроти еден трговски центар во Скопје, двајцата следеле еден оштетен. Во еден момент осомничениот со тупаница го удрил оштетениот по главата, а другиот напаѓач му се заканил со боксирач.






Претурајќи по јакната на нападнатиот пронашле и одзеле 8.800 денари. Го турнале на земја, го удирале со клоци и се обиделе да му го скршат мобилниот телефон, по што избегале.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 43-годишник.

Поврзани содржини