И ЗЛАТОТО ЧУВАНО „ПОД ПЕРНИЦА“ ЌЕ ПОДЛЕЖИ НА ДАНОК Италија подготвува данок од 12,5% на златниот имот на граѓаните

Се проценува дека Италијанците приватно поседуваат помеѓу 4.500 и 5.000 тони злато, што по тековни цени вреди околу 500 милијарди евра.

340

Италија планира да воведе еднократен данок за домаќинствата што поседуваат злато како дел од планот за евидентирање на овие средства во официјалниот економски систем. За ова веќе е поднесен амандман на законот за буџетот за 2026 година кој треба да го прифати италијанската влада и парламентот.

Даночните обврзници кои немаат потврди за своите златни прачки, накит или колекционерски монети и ќе одлучат да ги пријават по пазарна вредност, би плаќале данок по стапка од 12,5%, со можност за плаќање на три рати.






Рокот за аплицирање би бил до јуни следната година, а целиот процес би бил надгледуван од овластени посредници и советници, со строги контроли за спречување на перење пари.

Според претставници на коалициските партии Лига и Форца Италија, во моментов, имотот без соодветни сметки подлежи на данок од 26%, кој се пресметува врз вкупната вредност на продажбата, а не само врз капиталната добивка остварена при продажбата. Поради ова, граѓаните ретко продаваат наследено злато преку официјални канали, а некои трансакции се извршуваат неформално, што ја намалува ликвидноста на пазарот и државните приходи.

Застапниците на предложениот данок тврдат дека овој данок ќе се добијат значителни еднократни приходи во буџетот и ќе се подобри транспарентноста на пазарите долго време карактеризирани со нетранспарентно сопствеништво и семејни трансфери надвор од официјалните канали.

-Доколку граѓаните пријават 10% од сопствеништвото на инвестициите и добијат сертификат за пазарна вредност, државниот буџет би можел да генерира дополнителни 2,08 милијарди евра – проценува Министерството за финансии.

Се проценува дека Италијанците приватно поседуваат помеѓу 4.500 и 5.000 тони злато, што по тековни цени вреди околу 500 милијарди евра.

Предложениот амандман, исто така, треба да го поттикне легалниот проток на злато со отстранување на казнените мерки за граѓаните кои не можат да обезбедат потврди за купување од пред години или дури и децении.

Поврзани содржини