УШТЕ ТРОЈЦА УАПСЕНИ ЗА ТРУЕЊЕТО НА СЕМЕЈСТВО СО ХРАНА Уапсен и директор на хотел во Истанбул, сите негираат вина

На 12 ноември сите биле хоспитализирани со симптоми на труење. Двете деца починале истиот ден, мајката два дена подоцна, а таткото е во критична состојба.

861

Турската полиција уапси уште три лица во истрагата за смртта на германска државјанка и нејзините две деца, кои починаа од труење со храна за време на одмор во Истанбул. Приведени се управителот на хотелот и двајца работници задолжени за дезинфекција. Со нив, бројот на уапсени во случајот се зголеми на седум.

Семејството – мајка, татко и две деца од 3 и 6 години – на 9 ноември пристигнало во Истанбул од Германија, каде живеело. На 12 ноември сите биле хоспитализирани со симптоми на труење. Двете деца починале истиот ден, мајката два дена подоцна, а таткото е во критична состојба.






Обвинителството соопшти дека семејството претходно јадело храна купена на улица, во продавница и во хотелот. Уличните продавачи негираат одговорност. Сопственикот на хотелот, кој е меѓу уапсените, има две претходни кривични пријави, потврди полицијата.

 

СЕ ЗАТРУЛО ЧЕТВОРОЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО, МАЈКАТА И ДВЕТЕ ДЕЦА ПОЧИНАЛЕ Уапсени се четворица улични продавачи на храна во Истанбул

 

Поврзани содржини