📽️ МАРТИНЕЗ ГО БРАНИ РОНАЛДО ПО НЕНАДЕЈНИОТ ПОРАЗ Снимката од фаулот изгледа полошо од реалноста?

Беше туркан и влечен многу пати, а кога се обиде да се ослободи, направи потег кој не беше толку лош како што покажуваат камерите, изјави селекторот на Португалија за фаулот кој му донесе црвен картон на Роналдо.

737

Главната причина зошто Кристијано доби црвен картон е неговата огромна страст и фрустрација кога не победува, а тоа го сакаме од сите играчи, вели селекторот на Португалија по неочекуваниот пораз од Ирска.

– Многу е тешко за централен напаѓач во шеснаесетникот кога чуварите постојано го влечат. Потоа, тренерот на Ирска се обидува да изврши притисок врз судијата, а нивниот играч паѓа со многу драма. Мислам дека снимката изгледа полошо отколку што беше – изјави селекторот Роберто Мартинез по натпреварот во Даблин.






Мартинез додаде дека неговиот капитен бил жртва на груба игра и дека потегот не бил намерен.

– Беше тешко, тој се грижи за тимот. Беше туркан и влечен многу пати, а кога се обиде да се ослободи, направи потег кој не беше толку лош како што покажуваат камерите. Ден пред натпреварот, нивниот тренер рече дека Роналдо влијае на судиите, а потоа нивниот стопер падна со премногу драма. Сега сакаме да победиме заради него – додаде шпанскиот стратег.

 

Португалија го пропушти првиот обид да го завери билетот за Светското првенство, губејќи неочекувано од Република Ирска со 2:0. Натпреварот го обележа токму исклучувањето на Кристијано Роналдо, кој без топка удри противнички играч.

Најголемото изненадување на вечерта го приредија Ирците. Херојот Трој Парот постигна два гола во првото полувреме и ја донесе победата на својата репрезентација. Португалија остана со десетмина по исклучувањето на Роналдо и ќе мора да го бара пласманот на Мундијалот во последната рунда против Ерменија.

Од друга страна, Франција и Англија веќе обезбедија место на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико. Французите ја совладаа Украина со убедливи 4:0, со два гола на Килијан Мбапе, а по еднаш погодија Мајкл Олисе и Хуго Екитике.

Поврзани содржини