ИСПЛИВАА ДЕТАЛИ ОД ТЕПАЧКАТА СРЕДЕ ЗАГРЕБ Момче било турнато на шините, тепачите биле од „Бед блу бојс“?

Еден од учесниците бил турнат на пругите и дека го влечеле, но возачот на трамвајот навреме заѕвонил и го прекинал конфликтот велат очевидци за хрватски Индекс. Сепак, пресметката продолжила и прераснала во масовна тепачка на стотина метри оддалеченост од плоштадот.

298

Можно е момчињата облечени во црно кои истепаа неколку врсници на главниот плоштад во Загреб да биле „Бед Блу Бојс“, навивачи на фудбалскиот клуб „Динамо“, пишува Индекс. Полицијата во Хрватска потврди дека се уапсени повеќе лица од Загреб и Сплит, додека истрагата е во тек.

Се претпоставува дека членовите на „Бед Блу Бојс“ нападнале ученици од средно училиште од Сплит, кои биле на екскурзија во главниот град.






Исто така, постојат сомнежи дека еден од тие ученици претходно учествувал во нападот врз новинарскиот тим на Н1, кој бил нападнат истото попладне на истиот плоштад, се вели во текстот на Индекс.

Очевидец за медиумот раскажал дека сè започнало околу 15:30 часот пред „Мекдоналдс“ на улицата Јуришиќева, каде што биле матуранти од Сплит.

– Веднаш ја повикав полицијата, но не дојдоа повеќе од десет минути. За тоа време луѓето од Загреб се разотидоа, а сплиќаните останаа и зборуваа дека сè започнало поради коментари за Динамо – изјави сведокот.

Тој додаде дека еден од учесниците бил турнат на пругите и дека го влечеле, но возачот на трамвајот навреме заѕвонил и го прекинал конфликтот. Сепак, пресметката продолжила и прераснала во масовна тепачка на стотина метри оддалеченост од плоштадот.

Од полицијата во Загреб потврдиле дека неколку млади лица се приведени и дека се утврдуваат сите околности.

„Околу 16 часот, на плоштадот Бан Јосип Јелачиќ се случи судир меѓу голем број млади луѓе. Полицијата приведе неколку лица на неколку локации во околината на плоштадот“, соопшти полицијата.

Две лица се задржани во болница, но нивните повреди не се сериозни. Сè уште нема официјална потврда дали инцидентот е поврзан со нападот врз екипата на Н1.

Поврзани содржини