МАШКОТО ЗДРАВЈЕ Е ВО ГЛОБАЛНА КРИЗА Зошто Мовембер не е само тренд?

Идејата за Мовембер започна во Австралија во 2003 година и оттогаш се разви во глобален феномен, на кој секоја година се приклучуваат милиони луѓе за да ја подигнат свеста и да ја покажат нивната поддршка за луѓето кои боледуваат од типично машки проблеми.

63

На почетокот на секој ноември, милиони луѓе низ светот го одбележуваат Мовембер со оставање мустаќи – не само како стилски избор, туку и како симбол на свесноста за машкото здравје. Ваквата иницијатива е многу повеќе од само тренд, таа претставува вистинско глобално движење кое јавно ги истакнува проблемите и особено здравствените предизвици на мажите, како ракот на простата, тестикуларниот рак и психичкото здравје.

Мовембер е потсетник дека машкото здравје е важно и дека реалните луѓе се соочуваат со реални проблеми, дури и ако на површината тоа не изгледа така. Истовремено оваа иницијатива е и изговор да се започне разговор и да се поразговара искрено со родителите, пријателите и колегите за оваа специфична, но многу важна тема.






Идејата за Мовембер започна во Австралија во 2003 година и оттогаш се разви во глобален феномен, на кој секоја година се приклучуваат милиони луѓе за да ја подигнат свеста и да ја покажат нивната поддршка за луѓето кои боледуваат од типично машки проблеми. А со визуелниот траг кој се манифестира со оставање на мустаќи и бричење на останатиот дел од лицето, иницијативата доби на препознатливост и тоа се претвори во нејзиниот заштитен знак – мустаќите – типично машка работа за типично машка иницијатива.

Фактите говорат дека машкото здравје се наоѓа во глобална криза – мажите умираат сѐ помлади и живеат во просек шест години помалку од жените. Голем ефект на ваквата статистика имаат случаите на рак на простата и тестикуларниот рак, при што ракот на простата е вториот најчест рак кај мажите во светот и се очекува бројот на годишни случаи речиси да се удвои на 1,7 милиони случаи до 2030 година. А не треба да ги заборавиме ниту проблемите со психичкото здравје и депресијата, кои ни презентираат траорна статистика. Имено, дури три четвртини од случаите на самоубиство на глобално ниво се мажи, а Светската здравствена организација вели дека секоја година 510.000 мажи решаваат да си го одземат животот. Тоа е скоро еден смртен случај на секоја минута.

Мовембер постои како движење токму поради оваа причина – да се подигне свеста околу темата на машко здравје и да се насочи вниманието на јавноста према решавање на овој голем општествен проблем. Затоа и dm drogerie markt застанува силно зад оваа иницијатива и потсетува дека машкото здравје треба да биде сечиј приоритет. И тоа не само во ноември, туку во текот на целата година.

Во месецот посветен на машкото здравје дајте си до знаење на себеси, но и на сите машки роднини, пријатели, колеги и познаници дека грижата за сопственото здравје е лична одговорност, а малите промени на животниот стил и редовната грижа се неверојатно важни за одржување на здравјето. Јадењето здрава храна и физичката активност ќе помогнат да се одржи здравиот организам и мускулатурата, а избегнувањето на стресот и квалитетниот сон ја имаат моќта значително да го подобрат и продолжат животот. А редовните прегледи и докторската нега се клучни за рано откривање на болести и превенција на истите. Обрнете внимание на знаците и симптомите како што се болка во градите, отежнато дишење, прекумерна жед и проблеми со мокрењето. Доколку ги имате овие или симптоми од било кој вид, веднаш закажете посета кај вашиот лекар.

dm drogerie markt го посвети целиот месец ноември на машкото здравје, одбележувајќи го Мовембер со разни активности за кревање на свеста за проблемите и предизвиците на модерниот маж. Посетителите кои ќе бидат дел од големиот велосипедскиот настан „Пуштам брк, бркам здравје“ ќе имаат и можност да остават бесплатни консултации со доктори од различни медицински области, и да добијат ваучери за два типа на пакети со бесплатни медицински прегледи во болницата Д.мед Медикал.

Затоа, месецов пуштете мустаќи, но и закажете преглед или пак потсетете ги вашите најблиски да го направат тоа. Не чекајте!

Поврзани содржини