ОТКАЖАНИ 1.500 ЛЕТОВИ, А НАД 10.000 СЕ ОДЛОЖЕНИ Хаос на небото, владата на САД ја блокира авио-индустријата

Продолжениот делумен прекин на работата на американската влада предизвика вистински хаос во авиосообраќајот, оставајќи илјадници патници заробени на аеродромите низ земјата.

316

Илјадници патници во САД останаа заглавени на аеродромите откако повеќе од 1.500 летови беа откажани, а над 1.200 одложени поради продолжениот делумен прекин на работата на федералната влада. Ова е четврти ден по ред како американската авијација се соочува со сериозен колапс.

Според податоците од платформата „FlightAware“, само денеска се откажани над 1.550 летови, додека вчера биле дури 2.950, а речиси 10.800 летови биле одложени – што го прави најтешкиот ден за авио-сообраќајот во САД од почетокот на блокадата на владата на 1 октомври.






Главната причина за хаосот се намалените капацитети за контрола на летање и недостатокот на персонал во федералните служби, што го нарушува редовниот авио сообраќај низ целата земја.

Поврзани содржини