ГЕРМАНЦИТЕ НЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ БЕЗБЕДНИ ВО ГЕРМАНИЈА Не им е пријатно во нивните паркови, улици или возови

Само 14 отсто од анкетираните Германки изјавиле дека се чувствуваат безбедно во клубовите и на железничките станици.

842

Мнозинството жени во Германија не се чувствуваат безбедно на јавни места, покажа анкета објавена денеска.

Во анкетата спроведена од институтот за истражување на јавното мислење Civey, 55 отсто од анкетираните жени изјавиле дека се чувствуваат небезбедно на кое било од наведените јавни места, како што се улиците, јавниот превоз или парковите.






Клубовите и железничките станици се покажаа најлошо – само 14 отсто од жените рекле дека се чувствуваат безбедно таму.

Меѓу сите испитаници, вклучувајќи ги и мажите, речиси половина (49 отсто) рекле дека не се чувствуваат безбедно на ниту едно од споменатите јавни места.

За анкетата, која Cives ја опиша како репрезентативна, институтот интервјуирал 5.000 луѓе на возраст од 18 години и постари, преку интернет, помеѓу 23 и 27 октомври.

Неодамнешните коментари на германскиот канцелар Фридрих Мерц, со кои тој ја поврзува миграцијата со проблемите во градовите, предизвикаа реакција – 47 проценти ги оценија неговите коментарите позитивно, а 42 отсто негативно.

На 14 октомври Мерц изјави дека владата се справува со минатите неуспеси во миграциската политика и дека напредува, „но сè уште го имаме овој проблем со тоа како изгледаат нашите градови, се разбира, и затоа федералниот министер за внатрешни работи олеснува и спроведува депортации во голем обем“.

Минатата среда, Мерц посочи дека проблемите се предизвикани од мигранти кои немаат статус на постојан престој, не работат и не ги почитуваат правилата во Германија.

Поврзани содржини