90 ЕКСПЕРТИ СЕ ОБУЧЕНИ ЗА ТРГУВАЊЕ СО СТРУЈА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЕКТИ Божиновска најави нови инвестиции во знаења во енергетиката

Овие вештини се клучни за понатамошниот развој на модерниот и конкурентен енергетски пазар.

373

Повеќе од 90 експерти од енергетскиот сектор денеска добија сертификати откако се стекнаа со нови знаења и практични вештини во областа на управувањето со проекти, тргувањето со електрична енергија и оптимизацијата на цените, информира Министерството за енергетика и рударство.

Овие вештини се клучни за понатамошниот развој на модерниот и конкурентен енергетски пазар.






Обуките Project Management (управување со проекти) и Energy Trading (тргување со струја) се реализирани со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

– Секое ново стекнато знаење, секоја нова вештина, значи посилен систем, посигурен енергетски пазар и поголема отпорност на предизвиците што ги носи транзицијата кон одржлива енергија – рече министерката за енергетика Сања Божиновска, на доделувањето на сертификатите.

Таа додаде дека обуките што ги поддржа ЕБРД се доказ дека вложувањето во луѓето е предуслов за стабилен и модерен енергетски сектор.

– Ќе продолжиме да инвестираме во знаењето, затоа што само така можеме да создадеме систем кој не зависи од поединци, туку од заеднички развиени капацитети, визија и професионализам -рече Божиновска.

На настанот присуствуваа претставници на ЕБРД, како и учесници од јавниот и приватниот енергетски сектор.

Поврзани содржини