СО ГЛАСАЊЕ ЗА ЈОВИЦА ИЛИЕВСКИ ГЛАСАТЕ ЗА ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА НА МАКЕДОНИЈА Мицкоски повика да се гласа за единство, соживот и проекти во Брвеница

Секој кој зборува за иднината на Македонија е добредојден соговорник. Секој кој поттикнува етнички поделби не му мисли добро на никого - истакна Мицкоски од собирот во Брвеница.

645

Во пресрет на вториот круг од локалните избори на 2 ноември, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и кандидатот за градоначалник на Брвеница, Јовица Илиевски, испратија пораки за единство, соживот и фокус на проекти, повикувајќи ги граѓаните да гласаат без разлика на етничка или верска припадност.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Брвеница порача дека сите кои работат за иднината на Македонија ја имаат неговата поддршка, без разлика на етничката, верската или политичката определеност. Тој ги повика граѓаните на општината да гласаат за кандидатот на партијата за градоначалник Јовица Илиевски и да заокружат број 9.






– Секој кој зборува за иднината на Македонија е добредојден соговорник. Секој кој поттикнува етнички поделби не му мисли добро на никого – истакна Мицкоски, нагласувајќи дека Владата инвестирала половина милијарда евра рамномерно во сите општини, без разлика на партиската припадност на градоначалниците.

Мицкоски го коментираше и недозволивиот речник на противникот на Илиевски, оценувајќи го како себичен потег и грешка, која според него ги компромитира и кандидатите од истата коалиција. Тој додаде дека и меѓународната заедница со загриженост го следи ваквото однесување.

Кандидатот Јовица Илиевски истакна дека неговата работа како градоначалник во изминатиот мандат била насочена кон проекти, а не кон етнички поделби, и дека истиот пристап ќе продолжи во наредниот мандат.

– Општина Брвеница и јас како градоначалник сме фокусирани на проекти – улици, патишта, детски градинки – рамномерно застапени за сите жители – рече Илиевски, додавајќи дека примери како спортската сала во Челопек и детската градинка во Гургурница покажуваат дека општината се водела според потребите на граѓаните, а не по етничка припадност.

Тој нагласи и пример за соживот: за време на реновирањето на училиштето во Брвеница, околу 270 ученици секојдневно биле носени во Челопек без проблеми, што според него ја потврдува мултиетничката природа на општината.

Илиевски ги повика граѓаните да гласаат за единство и заедничка иднина, предупредувајќи дека повиците за поделби „никому не му носат добро“.

Мицкоски и Илиевски заеднички порачуваат дека локалните избори се шанса за продолжување на проектите и за одржување на соживотот, потсетувајќи дека успехот на општината се базира на соработка, а не на поделби.

– Гласањето за број 9 е глас за иднината на Брвеница и за заедничка Македонија – заклучија тие.

Поврзани содржини