ГЕРАСИМОВСКИ НА СРЕДБИ СО ГРАЃАНИТЕ ОД ВРАТА НА ВРАТА Кандидатот ги претстави своите проекти за вториот мандат

Покажавме како се води општина, во интерес на сите граѓани, а не на политички интереси. Со истата грижа за секој еден центарец продолжуваме и во новиот мандат - рече Герасимовски.

168

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“.

„Поддршката од центарци во пресрет на вториот круг од локалните избори за Герасимовски значително се зголемува. Тој, на вчерашните средби доби поддршка да продолжи да ја води општината како во изминатите четири години“, се вели во соопштението на кандидатот за градоначалник.






Герасимовски, на центарци им ги најави клучните проекти за вториот мандат, дом за стари лица, нова градинка, набавка на две цистерни и пет метларки, ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало за намалување на сообраќајниот метеж, изградба на две монтажни катни гаражи, нов административно-граѓански објект, два покриени базени, како и воведување на „Центарска картичка“.

– Работевме домаќински, не потрошивме ниту еден денар на непродуктивни трошоци. Во еден мандат ја изградивме најмодерната градинка во државата. Реконструкцијата на нашата култна сала „Работнички“ е во завршна фаза, поставивме ново смарт осветлување, ги подобривме условите во сите градинки и основни училишта. Покажавме како се води општина, во интерес на сите граѓани, а не на политички интереси. Со истата грижа за секој еден центарец продолжуваме и во новиот мандат – рече Герасимовски.

Граѓаните упатија благодарност до Герасимовски за акциите за чистење на сметот што ги спроведува целата измината година, се наведува во соопштението од Штабот на кандидатот.

Поврзани содржини