ВМРО-ДПМНЕ ОЧЕКУВА УБЕДЛИВА ПОБЕДА ВО ВТОРИОТ КРУГ Четири години чесно и транспарентно работиме
Изминатите четири години беа период без скандали, без афери и без местени тендери, беа периоди на посветеност, реална работа и конкретни резултати во интерес на граѓаните – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од локалните избори влегува со јасна предност и силна поддршка од мнозинството граѓани. По историската победа во првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места и 33 општини, со зголемување од над 11.000 гласови во однос на претходните локални избори, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
„На 2 ноември следи втор круг во 27 општини, од кои во 20 ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност, вклучително и во Град Скопје.
Овие резултати ја потврдуваат довербата на граѓаните во чесното, одговорно и транспарентно работење на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Изминатите четири години беа период без скандали, без афери и без местени тендери, беа периоди на посветеност, реална работа и конкретни резултати во интерес на граѓаните. Така планираме и понатаму да продолжиме.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на 2 ноември масовно да излезат на гласање и да ја потврдат победата што веќе започна. Глас за број 9, глас за вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!“ – се вели во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.