КОМУНАЛНА ХИГИЕНА ПОЧНА ДА СЕ МЕША ВО СВОЈАТА РАБОТА Собрала 350 тони ѓубре, а не мери колку оставила на улиците

Собран е комуналниот отпад од контејнерите поставени на булеварот Гоце Делчев до хотел ВИП, булеварот Партизански одреди, булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, улиците Даме Груев и Џон Кенеди, како и на повеќе локации во скопската општина Аеродром.

579

Јавното претпријатие Комунална хигиена соопшти дека подигнало 350 тони комунален отпад во еден ден во Скопје.

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека спровела активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад од контејнерите поставени на булеварот Гоце Делчев до хотел ВИП, булеварот Партизански одреди, булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, улиците Даме Груев и Џон Кенеди, како и на повеќе локации во скопската општина Аеродром. Во рамките на вчерашните активности биле подигнати вкупно 350 тони комунален отпад.






„Би сакале да ја информираме јавноста дека досега немаме добиено одговор од страна на градоначалниците на скопските општини каде го одлагаат отпадот од наводните активности за собирање на комуналниот отпад што тврдат дека ги спроведуваат во рамките на своите општини. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден не забележа дека е подигнат отпад од страна на општинските комунални претпријатија во ниту една скопска општина. Се прашуваме дали навистина и на кои локации се одвиваат овие активности?“, велат од ЈП КХС.

 

Поврзани содржини