„ПРИЈАТЕЛСТВО СО РУСИЈА, ДУРИ И ПО ЦЕНА НА КРВ“ Ким Јонг Ун им оддаде почит на севернокорејските војници кои се бореа во Русија
Годините на воено братство, во кои е обезбедена гаранција за долгорочен развој на билатералното пријателство по цена на скапоцена крв, ќе напредуваат непрестајно. Предизвиците на доминацијата и на тиранијата не можат да ги попречат врските на двете земји, порача претседателот на Северна Кореја.
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун изјави дека воениот сојуз меѓу неговата земја и Русија „ќе напредува без престан“, јави државната новинска агенција КЦНА.
Ким ова го изјави за време на говорот на церемонијата на поставување камен-темелник за споменик на севернокорејските војници кои се бореле заедно со Русија во регионот Курск, јави КЦНА.
– Годините на воено братство, во кои е обезбедена гаранција за долгорочен развој на билатералното пријателство по цена на скапоцена крв, ќе напредуваат непрестајно. Предизвиците на доминацијата и на тиранијата не можат да ги попречат врските на двете земји – порача Ким.
Севернокорејскиот лидер присуствуваше на настанот што претставува најново јавно оддавање почит на војниците на таа земја кои се бореле во Русија за да го одбијат упадот на украинските сили.
Today, #KimJongUn attended a groundbreaking ceremony for the construction of a ‘memorial museum’ of combat feats in ‘overseas military operations’ pic.twitter.com/vlO0IB4tHN
— North Korean Archives and Library (NKAAL) (@NorthNKAAL) October 23, 2025
Ким и рускиот претседател Владимир Путин потпишаа пакт за меѓусебна одбрана, а Северна Кореја испрати војници, артилериска муниција и проектили во Русија за да ја поддржат инвазијата на Москва врз Украина.
Киев и Сеул проценуваат дека Северна Кореја распоредила повеќе од 10.000 војници во војната во замена за економска и воено-технолошка помош од Русија.
Јужнокорејската разузнавачка агенција во септември процени дека во борбите загинале околу 2.000 севернокорејски војници.
Американскиот претседател Доналд Трамп следната недела ќе ја посети Јужна Кореја.