ФИЦО ГО ПРЕЖИВЕА АТЕНТАТОТ, НО НАПАЃАЧОТ ЌЕ ГО ПЛАТИ СКАПО Човекот кој пукаше во премиерот доби 21 година затвор

Судот оцени дека нападот бил политички мотивиран чин на насилство, кој имал за цел „да создаде страв и несигурност во општеството“.

775

Суд во Словачка денеска донесе пресуда со која лицето што минатата година го рани премиерот Роберт Фицо е прогласено за виновно за тероризам и е осудено на 21 година затвор.

Инцидентот се случи во мај 2024 година во градот Хандлови, кога напаѓачот пукаше кон словачкиот премиер додека тој ги поздравуваше граѓаните по еден владин настан. Фицо тогаш беше тешко ранет и со хеликоптер пренесен во болница, каде што подоцна беше стабилизиран.






Судот оцени дека нападот бил политички мотивиран чин на насилство, кој имал за цел „да создаде страв и несигурност во општеството“.

Според словачките медиуми, обвинетиот го признал делото, но неговиот адвокат најави дека ќе ја обжали пресудата пред Врховниот суд.

Премиерот Фицо, кој неодамна се врати на работа по долгото лекување, изјави дека „правдата мора да победи и дека нападите врз политичарите не смеат да станат нова нормалност во Европа“.

📽️ ОБЈАВЕНО ДОСЕГА НЕВИДЕНО ВИДЕО ОД АТЕНТАТОТ ВРЗ ФИЦО Словачкиот премиер падна на улица, обезбедувањето го крена, луѓето гледаат во шок

Поврзани содржини