ШТО МУАБЕТЕА МУСА ЏАФЕРИ И РЕЏЕП ИСМАИЛ ХАКТАН? Објавена фотографија која најавува можна соработка на ДУИ и Левица во вториот круг

Главна тема на оваа средба била координацијата на поддршката за претстојниот втор круг на изборите, во области каде што албанските и македонските гласови може да бидат одлучувачки, тврди порталот „Прес ТВ7“.

1,721

Во просториите на Собранието на Македонија е фотографирана средба помеѓу потпретседателот на НАИ Муса Џафери и пратеникот на партијата Левица, Реџеп Исмаил Хактан, објавува порталот „Прес ТВ7“.

Според извори на медиумот од Собранието, на средбата се разговарало за можноста за меѓусебна соработка меѓу двете партии во неколку клучни општини, вклучувајќи го Градот Скопје, Тетово и Струга. Според истите извори, разговорот се одвивал во пријателска атмосфера и главна тема била координацијата на поддршката за претстојниот втор круг на изборите, во области каде што албанските и македонските гласови може да бидат одлучувачки.






Во својот коментар порталот „Прес ТВ7“ наведува дека „партијата Левица, позната по своите просрпски ставови и противењето на независноста на Косово, често е критикувана за својата националистичка реторика, додека можната соработка со албанските партии предизвика загриженост за идеолошката стабилност на оваа коалиција.

Поврзани содржини