ЗНАМ ИМА СТАБИЛНА ПОДДРШКА И РАСТ КАКО РЕЛЕВАНТНА ПОЛИТИЧКА СИЛА Граѓаните ја изгубија довербата во СДСМ, порача Мемов

Освоивме советнички места во повеќе од 50 општини низ Македонија, како и во Градот Скопје. Тоа е доказ дека ЗНАМ станува релевантна политичка сила која носи вистински промени и влијание на локално ниво, вели портпатолот на ЗНАМ, Никола Мемов.

255

Дозволете ми да изразам големо задоволство од резултатите на локалните избори, кои ги освои Движењето ЗНАМ за наша Македонија, со освоени речиси 40.000 гласови, рече денеска портпатолот на ЗНАМ, Никола Мемов.

– Сакаме да се заблагодариме на сите граѓани, членови, симпатизери и подржувачи на ЗНАМ, кои го искористија своето право на глас и ја потврдија довербата во нашето делување. Вашиот глас е нашата најголема поддршка и мотив да продолжиме понатаму. Овие избори ја потврдија стабилизацијата на нашето гласачко тело во однос на минатите парламентарни избори и покажаа дека владините политики кои ги водиме се во вистинска насока – вели Мемов.






Јасно е дека граѓаните го препознаваат нашето чесно и одговорно делување, додава тој.

– Нашиот концепт на чесна, директна и народна политика наидува на сè поголема поддршка низ целата држава – и тоа е клучната порака од овие локални избори. Истакнуваме дека за прв пат освоивме советнички места во повеќе од 50 општини низ Македонија, како и во Градот Скопје. Тоа е доказ дека ЗНАМ станува релевантна политичка сила која носи вистински промени и влијание на локално ниво. Во Куманово имаме убедливото водство во првиот круг, каде што нашиот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски оствари предност од над 11.000 гласа. Кандидатот на СДСМ не успеа ниту да се пласира во вториот круг, што јасно ја покажува реалната поддршка на граѓаните за ЗНАМ и разликата меѓу политиките и празните ветувања на СДСМ – порача Мемов.

Едновремено, додава тој, се гледа агонијата на СДСМ и на државно ниво. Освоените само околу 120.000 гласови, вели Мемов, е јасен сигнал дека граѓаните ја изгубија довербата во нивните политики.

– Во општина Центар влегуваме во вториот круг, ја продолжуваме борбата за промена и за крај на владеењето на старите политички структури. Убедени сме дека Мирослав Лабудовиќ ќе победи во Центар, носејќи обнова, транспарентност и правда. Овие избори покажаа дека значителен број гласови добија и независните кандидати, што е позитивен сигнал за демократијата и поголемо учество на граѓанските иницијативи во локалните самоуправи. ЗНАМ продолжува понатаму – обединети, со нова енергија, јасна визија и конкретни решенија за промени – вели Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.

Поврзани содржини