🎥 НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ТЕНКОТО СТРУКЧЕ НА ДЕМИ МУР? Сите ја гледаат во половината и се прашуваат дали вадела ребра
Деми Мур блескаше во фустан во боја на вино на Гала вечерта во Academy Museum. Актерката го комбинираше асиметричниот фустан со впечатлив дијамантски накит, но она што го привлече вниманието беше нејзиниот исклучително тесен струк поради кој изгледаше како девојче иако има речиси 63 години
Холивудската ѕвезда Деми Мур која следниот месец ќе полни 63 години, блескаше во фустан во боја на вино на Гала вечерта во Academy Museum. Актерката го комбинираше асиметричниот фустан со впечатлив дијамантски накит, но она што го привлече вниманието беше нејзиниот исклучително тесен струк поради кој изгледаше како девојче.
Иако Деми е позната по својот кул стил во машки кроеви на црвениот тепих, таа совршено знае како да блесне во прекрасен фустан и накит што свети како рефлектор. Темниот бордо фустан ја нагласуваше нејзината витка фигура, а половината беше буквално толку тенка што многумина се прашуваа дали можеби извадила неколку ребра?
View this post on Instagram
Гламурот на фустанот Деми дополнително го нагласи со додатоци: длабоко деколте со дијамантски ѓердан од скапоцени камења, а рубините во средината на ѓерданот совршено се совпаѓаа со бојата на фустанот. Луксузниот накит беше надополнет со соодветни обетки со дијаманти и рубини, кои го заокружија совршениот изглед за вечерта.
Нејзината коса до струкот беше стилизирана во нежни бранови, додека шминката за очи и лице во нијанса на вино, заедно со мат кармин во беж боја, ја истакнуваше природната убавина на актерката.