ФИЛИПЧЕ ИЗЛАЖА И СИ ДОДАДЕ НА КОНТОТО УШТЕ 4 ОПШТИНИ Во Валандово, Чешиново – Облешево, Конче и Пробиштип сепак водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ

3,045

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција излажа за победа во 3 и за водство во уште 9 општини. Реалноста го демантира претседателот на најлузерската партија на овие избори, која изгуби неколку „бастиони“ и падна на мизерно 4-то место во Скопје.

СДСМ победи во минорни 3 општини, и само тоа е точно, но води во само уште 9 општини. За да га намали поразот, Филипче на контото на СДСМ лажно си ги додаде Валандово, Облешево-Чешиново, Конче и Пробиштип.

Според официјалните резултати на ДИК во Валандово по првиот круг со 2.904 гласови (48,12%) победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоко Камчев пред Перо Костадинов од СДСМ кој освоил 2.764 гласови, односно 45,80% од вкупните гласови.

ВМРО-ДПМНЕ победи и во Чешиново Облешево, каде што нивниот кандидат Јорданче Костадинов освоил 1.358 гласови(45,06% од вкупните гласови), додека Горанчо Крстев од СДСМ освои 1.331 глас односно 44,16% .

Резултатите од ДИК покажуваат дека изјавите на Филипче не се точни и за општина Конче, каде Златко Ристов со 904 гласа(47,88%) пред кандидатот на СДСМ Благој Илиев кој освоил 762 гласа, односно 40,36% од вкупните гласови.

Во Пробиштип и покрај тесната разлика, ВМРО-ДПМНЕ победи со 44,82% освоени гласови, пред СДСМ со 44,46%. Тони Тоневски освои 3.687 гласови, по што следува кандидатот на СДСМ, Драган Анастасов, со 3.657 гласови.

Поврзани содржини