РЕЗУЛТАТОТ Е ИСТОРИСКИ, ПАДНА И БАСТИОНОТ НА СДСМ Освоивме 33 градоначалнички мандати, меѓу нив и за Струмица, вели ВМРО-ДПМНЕ

Од партијата посочуваат дека во вториот круг влегуваат со предност во општините Аеродром, Карпош и Град Скопје.

479

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека на овие локални избори остварила „историски резултат“, освојувајќи градоначалнички мандати во првиот круг во 33 општини низ државата. Меѓу нив е и Струмица, која партијата ја нарече „бастион на СДСМ“, каде по дваесет години повторно победил нивниот кандидат.

Според податоците објавени од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, кандидатот Петар Јанков во Струмица победил со предност од над 5.000 гласови.






Во соопштението се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг освоила градоначалници и во општините Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Илинден, Кавадарци, Кисела Вода, Охрид, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струмица, Штип и други.

Од партијата посочуваат дека во вториот круг влегуваат со предност во општините Аеродром, Карпош и Град Скопје.

Во споредба со локалните избори од 2021 година, кога ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалници во 22 општини, партијата истакнува дека годинава бројката е зголемена на 33. Според нив, СДСМ освоил три општини во прв круг, а Демократската унија за интеграција (ДУИ) бележи, како што стои во соопштението, „слаб резултат“.

Во заклучокот се наведува дека, според ВМРО-ДПМНЕ, „граѓаните избрале луѓе кои ќе работат во нивен интерес и во интерес на државата“.

Поврзани содржини