ГО ОНЕСВЕСТИЛ СО НОГАРКА, ПОВИКАЛ ПОМОШ ДУРИ УТРИНАТА Скопјанец осомничен за обид за убиство
Според написот, откако се разбудил следното утро и го видел својот брат онесвестен на подот во локва крв, осомничениот го оставил и повикал помош дури по 3 часа.
Скопјанец се обидел да го убие својот брат удирајќи го со дрвена ногарка по главата и по целото тело, по што легнал да спие, обзнани Основното јавно обвинителство. Обвинителството поведе исрага за жител на Марино.
Според написот, откако се разбудил следното утро и го видел својот брат онесвестен на подот во локва крв, осомничениот го оставил и повикал помош дури по 3 часа.
Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, велат од ОЈО.