АПАСИЕВ ТВРДИ ДЕКА ЛЕВИЦА СТАНУВА ЛИДЕР НА ОПОЗИЦИЈАТА Амар Мециновиќ во вториот круг од трката за Скопје

Од 8 кандидати за градоначалници во 2021 година, сега имаме 20. Од 38 советнички листи – 53, во вкупно 80 општини. Од 50.000 гласови пораснавме на над 75.000. Од 48 советници, сега имаме над 70 советници. Тоа покажува стабилен раст и јасен сигнал дека Левица е сериозен политички фактор, изјави лидерот на Левица Димитар Апасиев.

1,797

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, синоќа на прес-конференција изјави дека неговата партија станува новиот лидер на опозицијата во Македонија, нагласувајќи го континуираниот раст на поддршката од граѓаните во последните изборни циклуси.

– Од 8 кандидати за градоначалници во 2021 година, сега имаме 20. Од 38 советнички листи – 53, во вкупно 80 општини. Од 50.000 гласови пораснавме на над 75.000. Од 48 советници, сега имаме над 70 советници. Тоа покажува стабилен раст и јасен сигнал дека Левица е сериозен политички фактор – изјави Апасиев.






Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, исто така се обрати пред јавноста, нагласувајќи дека Скопје покажало храброст и подготвеност за промена.

– Левица испиша историја, првпат во независна Македонија, кандидат за градоначалник на главниот град кој не е поддржан ниту од ВМРО-ДПМНЕ ниту од СДСМ успеа да влезе во втор круг. Тоа е доказ дека постои надеж и дека граѓаните веруваат во нова визија за Скопје – порача Мециновиќ.

Тој додаде дека во вториот круг граѓаните ќе избираат меѓу „две јасно различни визии, едната застарена и обременета со криминал, а другата, нивната, составена од љубов, чесност и верба во сопствениот град“.

Поврзани содржини