БУЈАР ОСМАНИ ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ ВО ЧАИР Му посака успешна работа на Меџити
Кандидатот на ДУИ најави дека во следните денови ќе информира за неговите следни политички чекори.
Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, му ја честита победата на својот противкандидат Изет Меџити од Вреди и му посака успех во водењето на општината во наредните четири години.
„Честитки до мојот противкандидат и до целата коалиција што застана зад него, тие се победници на изборите во Чаир и им посакувам успех во водењето на општината во следните четири години. Во политиката, граѓаните го имаат последниот збор. Јас сум доволно долго во политиката за да ги препознаам и почитувам пораките што ги испраќаат граѓаните. Иако кампањата не беше ниту фер ниту легална од секој аспект, не сакам да се жалам, бидејќи верувам дека чесноста и вредностите имаат смисла само кога ги одржувате дури и во вакви ситуации“, напиша Османи на Фејсбук.
Тој им се заблагодари на соработниците, на поддржувачите и на неговото семејство.
Кандидатот на ДУИ најави дека во следните денови ќе информира за неговите следни политички чекори.
Османи го оцени изборниот ден како успешен, без големи забелешки.