СЀ ПОИЗВЕСНО Е ДЕКА МЕЦИНОВИЌ ВЛЕГУВА ВО ВТОР КРУГ ЗА СКОПЈЕ Левица исклучително задоволна од резултатите

Во урбаните средини како што се Кисела Вода, Аеродром и Карпош сме втора партија веднаш после ВМРО-ДПМНЕ и имаме водство пред СДСМ со тоа што имаме повеќе советници, рече Богески.

1,169

Сѐ поизвесно станува дека нашиот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ влегува во втор круг, соопшти портпаролот на Левица, Круме Богески.

Богески рече дека Левица има повеќе гласови од СДСМ во три скопски општини.






– Исклучително сме задоволни од резултатите коишто ги постигнуваме коишто континуирано се ажурираат. Имаме информации дека во урбаните средини како што се Кисела Вода, Аеродром и Карпош сме втора партија веднаш после ВМРО-ДПМНЕ и имаме водство пред СДСМ со тоа што имаме повеќе советници. Во однос на Велес имаме повеќе од СДСМ на советничката листа. Имаме позитивни резултати, исто така, и во Гостивар, додека останатите урбани средини, како што е Кавадарци, ни се зголемуваат советничките места, од едно на две – рече портпаролот Богески.

Поврзани содржини