ЈУЖЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ ЗАТОПЛУВАЊЕ Сонцето ќе се врати, ќе нè згрее до 20 степени
Во Скопје времето ќе биде сончево и променливо облачно, со температура до 18 степенни.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Најстудено ќе биде во Берово и во Маврово со утринска температура од 1 степен. Најтопло ќе биде во Гевгелија со дневна температура до 20 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево и променливо облачно, со температура до 18 степенни.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер.
Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
