ГЕРМАНИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЕНИ АВИОНИ ВО ПОЛСКА Се зајакнува источното крило на НАТО по руските провокации

Кога Путин ги тестира нашите граници, без разлика дали е тоа во Полска, Естонија или на друго место, ние реагираме решително, брзо и ефикасно - рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

269

Германија ќе  распореди авиони „Еурофајтер“ во полската воена база во Малборк за подобро да ги заштити источните членки на НАТО, објави германскиот министер за одбрана Борис Писториус, објави ДПА.

– Со патролните летови  ќе придонесеме за заштита на источното крило. Тоа ќе нè направи уште поактивни, присутни и видливи на источната граница на Алијансата – рече Писториус на маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.






НАТО започна нова мисија во септември за подобро да го заштити воздушниот простор на своите источноевропски членки по серијата повреди на воздушниот простор од страна на Русија. Борбените авиони ќе го зголемат придонесот на Германија во мисијата наречена „Источна стража“.

– Кога (рускиот претседател Владимир) Путин ги тестира нашите граници, без разлика дали е тоа во Полска, Естонија или на друго место, ние реагираме решително, брзо и ефикасно – рече Писториус.

Поврзани содржини