НЕ ЗНАМ ЗОШТО ПРОДОЛЖУВА СО ОВАА ВОЈНА Трамп вели дека е разочаран од Путин

Тој може да ја заврши војната, и тоа брзо - додаде американскиот претседател.

231

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот лидер Владимир Путин, само неколку дена пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон.

– Многу сум разочаран, бидејќи Владимир и јас имавме многу добар однос. Веројатно сè уште го имаме. Не знам зошто продолжува со оваа војна – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.






Тој рече дека Путин едноставно не сака да го запре конфликтот со Украина, кој трае повеќе од три и пол години.

– Мислам дека тоа го прави да изгледа многу лошо. Тој може да ја заврши војната, и тоа брзо, додаде американскиот претседател.

Во исто време, Трамп ја пофали Украина за нејзината одбрана од руските напади и потврди дека Зеленски ќе го посети в петок.

– Тој сака оружје, сака Томахавк ракети – рече Трамп, не исклучувајќи можност да ѝ испорача такви крстосувачки ракети на Украина.

Претходно, Кремљ преку портпаролот Дмитриј Песков предупреди против таков потег.

Томахавк ракетите имаат дострел до 2.500 километри и технички можат да бидат опремени со нуклеарни боеви глави.

Поврзани содржини