ВУДИ АЛЕН СЕ ПРОСТИ ОД НЕГОВАТА МУЗА, ДАЈАН КИТОН „Нејзината смеа ми одѕвонува во главата“
Беше различна од сè што планетата некогаш го доживеала,“ запишал режисерот во текстот полн со тага и восхит. Ален се присетил на далечната 1969 година, кога ја сретнал Китон.
Неочекувано нежно и без филмска драма, Вуди Ален се прости од Дајан Китон, жената која му беше и љубов и муза. Во есеј за „The Free Press“ тој ја нарече „единствен феномен“, додавајќи дека нејзиното лице и смеа „го осветлуваа секој простор во кој ќе влезеше“.
„Беше различна од сè што планетата некогаш го доживеала,“ запишал режисерот во текстот полн со тага и восхит. Ален се присетил на далечната 1969 година, кога ја сретнал Китон на пробите за „Пушти го повторно, Сем“. Оттогаш снимија 8 филмови, меѓу нив и безвременскиот „Ени Хол“, кој ѝ го донесе на Китон Оскарот за најдобра актерка во 1977 година.
Меѓу редови, Ален откри дека секој нов филм го снимал само за неа.
„Не ме интересираше ниту критика, ниту публика. Единственото што ми беше важно беше што ќе каже Дајан“, напишал тој.
Љубов пред камера, но и во животот
Тие не глумеле само љубов на филм. Во еден миг, романсата станала реална. Вуди се присетил дека на првата средба си помислил:
„Ако Хаклбери Фин беше убава млада жена, тоа ќе беше Дајан“.
Тој напиша дека светот денес е „помрачен“ без неа.
„Сепак, нејзините филмови остануваат. И нејзината смеа сè уште ми одѕвонува во главата.“
Китон остави незаборавни улоги во Менхетен, меѓу нив и во „Радио денови“. Таа остана покрај Ален и кога јавноста го обвини за злоупотреба на неговата ќерка Дилан, случај без подигнати обвиненија.
– Тој ми даде сè. Вуди секогаш одржуваше опуштена атмосфера, тоа многу ми помогна – рече таа во интервју за „Гардијан“ во 2023 година.
„Сè во врска со неа е креативност“
И легендарниот режисер на Кум, Френсис Форд Копола, ѝ оддаде последна почит на Дајан. Во објава на социјалните мрежи ја нарече „извонредна“ и „бескрајно интелигентна“.
„Зборовите не можат да го искажат чудото што беше Дајана Китон,“ напиша Копола, потсетувајќи дека ја избрал за улогата на Кеј уште откако ја гледал нејзината игра во филмот „Љубовници и други странци“.
Тој откри дека Китон му признала оти ја формирала улогата на Кеј според неговата сопруга, документаристката Елеонор Копола.
„Сè во врска со Дајана беше олицетворение на креативноста“, заклучи режисерот.