ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО НАДМИНА 4.100 ДОЛАРИ ЗА УНЦА Трговците ги зголемија инвестициите во фондовите за злато

Побарувачката за безбедни инвестиции како што е златото е сè уште висока поради глобалната економска неизвесност и инфлаторните притисоци.

403

Цената на златото постигна нов нов рекорд. Неговата вредност на њујоршката берза Comex денеска го надмина рекордот од 4.000 долари за унца и се продаваче за 4.1во еден момент надмина 4.179 долари за унца.

Според податоците од берзата, сега цената  изнесува 4.112,7 долари за унца.






Според аналитичарите  порастот на цената на златото делумно беше поткрепен од зголемените инвестиции во фондови за тргување со злато (ETF). Само во септември, глобалните инвеститори инвестираа 15,5 милијарди долари во овие фондови, што е втора најголема месечна инвестиција во историјата.

Побарувачката за безбедни инвестиции како што е златото е сè уште висока поради глобалната економска неизвесност и инфлаторните притисоци.

Цените на златото се зголемиле за повеќе од 50% од почетокот на годината.

 

Поврзани содржини