ТИПУВАМЕ НА ПОБЕДА! Видеолотарија Касинос Австрија заедно со Вардар во новата ЕХФ сезона

Вардар се наоѓа во групата Ф заедно со Тулуз (Франција) и Кристианштад (Шведска), но „црвено-црните" одат храбро, со јасна цел: нови европски победи!

42

Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар 1961 во 18:45 го започнува својот настап во новата сезона од ЕХФ Лига Европа, со натпревар на домашен терен против хрватскиот претставник Сесвете. Видеолотарија Касинос Австрија, како горд спонзор на црвено-црните, е со Вардар и во оваа голема битка.

Вардар се наоѓа во групата Ф заедно со Тулуз (Франција) и Кристианштад (Шведска), но „црвено-црните” одат храбро, со јасна цел: нови европски победи!






Капитенот Гоце Георгиевски на официјалната прес-конференција вчера ги повика навивачите да дојдат во што поголем број и заедно со тимот да ја отворат сезоната со победа.

Ние веруваме во тимот, во борбениот дух и во срцето на Вардар – срце што никогаш не се предава.Нашата поддршка за Вардар е поддршка за спортот, за тимскиот дух и за победничката енергија што ја обединува цела Македонија.

 

Фото: Архива
Поврзани содржини